Државното јавно обвинителство да покрене истрага во институциите каде завршуваат децата на бремените малолетнички кои се штитенички на државните домови за малолетници, порача народниот правобранител Иџет Мемети.
Според него постојат сомнежи дека се врши продажба или злоупотреба на нивните новороденчиња кои се даваат на посвојување. Во овој организиран синџир се вмешани лица од повеќе институции. Меѓу нив се лица од гинекологија, од Министерството за труд и социјална политика, како и од надлежните институции.
Обдусманот веќе има започнато независна сопствена истрага која се однесува и на тоа каде одат децата кои ќе се родат, како и начинот на кои се даваат на посвојување. Правобранителот Иџет Мемети го повика ОЈО да истражува во МТСП и во УЈП, во насока на тоа да се обелоденат состојбите во службите кои работат со деца.