Мемети, Ивановски и Црвенковска ќе дадат свечени изјави пред претседателот на Собранието

by Fokus

Новоизбранте членовите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија Иџет Мемети и Љупчо Ивановски, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Иџет Мемети досега ја извршуваше функцијата народен правобранител, бил министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.

Адвокатот Љупчо Ивановски бил заменик на општинскиот јавен обвинител во Скопје,како и заменик на народниот правобранител. Од 2006 до денес работи како адвокат.

Советот на јавни обвинители е самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција. Советот има својство на правно лице и е составен од 11 члена. Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор.

Свечена изјава пред претседателот на Собранието денеска ќе даде и Павлина Црвенковска, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Мемети и Ивановски завчера на 25. собраниска седница со 61 глас „за“, без против и без воздржани беа избрани за членови на Советот на јавни обвинители, а Црвенковска за член на Судски Совет.

Поврзани новости