Само со остварување на избирачкото право на еднаков начин на општи, непосредни и слободни избори се добива неспорен и реален легитимитет, порача денеска Народниот правобранител Иџет Мемети.
– Во 2014 година, која беше изборна, нотиравме непрецизна и неконзистентна правна регулатива, отсуство на координација и соработка меѓу надлежни органи, непрофесионална и нестручна работа на изборни органи, неправилности во работењето на избирачките одбори, несовпаѓања на податоците од избирачкиот список… – изјави Мемети.
Тој изрази надеж дека ќе биде исклучително битна и ефикасна соработката на неговата институција со невладините организации во проектот за посепфатен мониторинг и контрола над работата на изборните органи и државната администрација, како и за поголема информираност на граѓаните за заштита на избирачкото право.