Директорот на Детската клиника – Реџеп Мемеди информира дека во нивната клиника е зголемен бројот на пациенти со респираторни и цревни инфекции.
– Во овој дел од годината доминираат сезонските вируси кои се почести. И тоа е скоро секоја година во овој дел од годината. Имаме зголемен број на пациенти со респираторни симптоматологии и цревни инфекции кои се третираат на нашата клиника и ја добиваат потребната нега, рече Мемеди при денешното промовирање на апаратури во Детската клиника.
Директорот Мемеди нагласи дека работат со полн капацитет и се обидуваат максимално да направат правилна тријажа и потешките пациенти да ги задржат на болничко лекување.
И Институтот за јавно здравје во својот извештај за периодот од 30 декември 2024 до 5 јануари годинава посочува дека е зголемен бројот на заболени од грип.
Од вкупно 331 заболени, 101 се деца на возраст од 5 до 14 години и 42 деца на возраст од 0 до 4 години.