Мемеди: Мило ми е што дојде време за нашата вина или невиност да зборуваат правните органи

by fokus

По веста дека полицијата извршила претрес во домот на Весел Мемеди, претседателот на Националната демократска преродба, при што бил одземен неговиот мобилен телефон поради сомнеж за негова вклученост во настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија, Мемеди преку соопштение се обрати до јавноста. 

Соопштението на Мемеди го пренесуваме во целост:

„Верувам дека вестите и гласините кои се споделија овие денови, кои се поврзани со моето име, ве загрижилe, и вие сте во очекување да ја разберете вистината. Сите вие што сте ја следеле НДП и нејзините политички ставови, нарочито од моментот кога јас го водам овој субјект, сте сведоци за перманентната ангажираност за обеледување на вистината на сите феномени кои се случиле, што за жал имало многу жртви, злоупотреби, затварање, разни клевети и тешки манипулации на граѓаните со разни обвиненија, кои не беа лесни за чесниот граѓанин да и се спротистави и да ги земе над својот грб.

Го поздравувам ова определување на новата власт која ја создадовме со голем напор и жртвување за да прв пат и се овозможи место на институциите на државата да и се посвети сериозно на обеледување на вистината која долго време ја очекуваат граѓаните на Македонија.

Во оваа акција на правните органи за обеледување на вистината за настаните во парламентот, беше вклучено и моето име како еден од осомничените за овој настан. Намерно молчев, за да и се овозможи на овие правни органи непречено и професионално да си ја завршат работата без ниедна внатрешна или надворешна пречка.

Иако моето име беше спомнато без ниедно право, мило ми е што дојде време што за нашата вина или невиност да зборуваат правните органи, а не насилниците и клеветниците. Јас сум горд што во ниедна можност, со ниеден факт, не сум вклучен во ниедна противзаконска активност, и очекувам од правните органи и јавно да се произнесат и да ја верифицираат мојата невиност, и заедно со верните членови на НДП и нашите фамилии да бидеме уште погорди.

Ги повикувам сите граѓани на Македонија да не имаат страв од правдата и правните органи, туку да соработуваат и да ги подржат до крај, за да на оваа работа да се оди до крај. Ја поздравувам одлуката на правните органи за да ги ослободат сите невини за Монструм, и барам да се најдат вистинските убици и што побргу да излезат пред судот. Верувам дека оваа е почетокот на крајот на неправедноста во име на државата“.

Поврзани новости