Мемеди ги кани албанските лидери на средба околу албанската декларација

by Фокус

Првиот човек на НДП, Весел Мемеди, ги покани лидерите на албанските политички партии утре попладне да оддржат средба во парламентот во врска Декларацијата што ја потпишаа во Тирана.

„Во согласност со Декларацијата на албанските политички партии донесенa на 7 јануари оваа година и обврските што излегуваат за одржување на редовни состаноци на тркалезна маса на албанските парламентарни партии со цел заеднички да го наблудуваат текот на имплементацијата на Декларацијата, имам чест да ве повикам на следниот состанок на претседателите на парламентарните албански партии, која ќе се одржи во просториите на Собранието на Република Македонија во 14 часот“, стои во поканата на Мемеди.

На претходната средба на 28 јуни во хотелот Александар Палас за прв пат присуствуваше ДПА, која не ја потпиша декларацијата во Тирана, но не присуствуваше еден од потписниците – Беса.

 

Поврзани новости