88
Мелони одиграла голема улога во посредувањето со Орбан околу помошта за Украина
Италијанската премиерка Џорџа Мелони одиграла „клучна улога“ во посредувањето со унгарскиот премиер Виктор Орбан, што доведе до тоа Будимпешта да се откаже од ветото против новиот пакет помош од ЕУ во вредност од 50 милијарди евра за Украина, соопшти канцеларијата на Мелони.
Мелони, наводно, разговарала со Орбан двапати лице в лице пред почетокот на самитот – во текот на ноќта и рано утринава, јавува АНСА, повикувајќи се на неименувани извори.
Агенцијата додава дека кабинетот на италијанскиот премиер е „многу задоволен“ што договорот е постигнат едногласно на вонредниот самит на ЕУ, бидејќи тоа „не се очекувало“.