313
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека не верува дека е потребна „посебна грижа“ за економската стабилност на Европа, одговарајќи на прашање за превирањата во банкарскиот сектор, а особено за Дојче банк.
„Основите на системот се цврсти“, им рече Мелони на новинарите по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.
Банкарскиот сектор на ЕУ е отпорен бидејќи има голем капитал и силна ликвидност, се вели во изјавата на лидерите на ЕУ усвоени на крајот од самитот во Брисел.