Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Украина.
Таа рече дека Рим одиграл водечка улога во сето ова.
Мелони го изрази своето големо задоволство од конкретните чекори напред во процесот на проширување, постигнати на самитот на Европскиот совет за Украина, Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина, соопшти нејзиниот кабинет, пренесе Анса.
„Ова е резултат на значајна вредност за Европската унија и за Италија, која беше создадена како резултат на сложени преговори во кои нашата земја имаше водечка улога во активната поддршка и на земјите од источното трио и на Босна и Херцеговина. како и земјите од Западен Балкан“, се вели во соопштението.
Европскиот совет денеска одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија, како и да и додели кандидатски статус на Грузија, објави претходно денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.