Мелони до лидерите на ЕУ: Да развиеме легални миграциски канали

by Fokus

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони ги повика денеска лидерите на земјите-членки на Европската унија да вложат повеќе напори за да се запре илегалната имиграција и да се спречат понатамошни трагедии на море, откако најмалку 67 лица загинаа во бродска несреќа во близина на брегот на Италија минатата недела.

„Неопходно е веднаш да се донесат конкретни, силни и иновативни мерки за сузбивање и одвраќање на илегалната имиграција, со итни специјални плаќања за земјите на потекло и транзит, за тие активно да соработуваат“ – изјави Мелони, пренесе „Ројтерс“.

Во писмото упатено до лидерите на земјите од ЕУ, таа наведува дека е неопходно уредно и безбедно да се управува со миграцијата.

„Мораме да развиеме и да ги зајакнеме легалните миграциски канали и да правиме разлика помеѓу потенцијалните бегалци и економските мигранти. Не се работи за запирање на миграцијата во Европа, туку за стопирање на трговијата со илегални мигранти“ – изјави Мелони.

Поврзани новости