Меланија Трамп во интервју за „Фокс њуз“ зборуваше за својот живот, но и за тоа дека никогаш не зависела од сопругот – новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
„И за првпат бев јас, само ми се чинеше дека луѓето не ме сфаќаат сериозно и не ме прифаќаат, можеби сега ќе биде поинаку. Немав голема поддршка од народот. Можеби некои луѓето ме гледаат само како сопруга на претседателот, но јас стојам со моите нозе, имам мои мисли“, рече таа.
Истакна и дека не секогаш го дели истото мислење со сопругот.
„Понекогаш ги слуша моите совети, а понекогаш не. Не секогаш се согласувам со она што го кажува или прави мојот сопруг и тоа е во ред“, рече Меланија.
Идната прва дама откри дека нема трајно да се пресели во Белата куќа, туку по потреба ќе живее и во Њујорк и Палм Бич на Флорида.
Уште во септември минатата година, таа рече дека Барон решил да живее во Трамп Тауер, семејната резиденција на Менхетен. И покрај тоа, вели таа, за него е подготвена соба во Белата куќа, во која ќе може да биде кога ќе реши да го посети семејството.