Првата дама на САД, Меланија Трамп ќе ја напушти Белата куќа со најмала популарност од почетокот на нејзиниот мандат, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свое истражување.
Од февруари 2016 година, кога почна следењето на нејзиниот рејтинг во јавноста, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, има најмала популарност, па 42 проценти од испитаниците изјавиле дека имаат позитивен став за неа, 12 проценти не се сигурни, а дури 47 проценти имаат негативен став.
Таа имаше најголем рејтинг во мај 2018 година – 57 проценти, што се совпадна со првата официјална вечера и нејзиното присуство на погребот на поранешната прва дама Барбара Буш во Тексас.
Сепак, според Си-Ен-Ен, нејзината популарност паднала во декември, по посетата на Африка, кога 36 отсто испитаници имале негативен став кон неа.
Најновото истражување покажа дека нејзината популарност е далеку помала од популарноста на нејзините претходнички – во јануари 2017 година, Мишел Обама имаше 69 проценти позитивни гласови, како на почетокот на нејзиниот мандат, додека Лора Буш имаше 67 проценти поволен рејтинг, а Хилари Клинтон 56 проценти.