Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска ја повтори својата понуда да му даде азил на соборениот перуански претседател Педро Кастиљо и неговото семејство.
Лопез Обрадор истакна дека обработката на барањата за азил е во тек и дека вратата е отворена за претседателот на Перу и неговото семејство.
Мексиканскиот претседател претходно изјави дека го смета Кастиљо, кој беше соборен од функцијата и уапсен по обидот незаконски да го распушти Конгресот, за вистински претседател на Перу.
Перуанската претседателка Дина Болуарте, поранешна потпретседателка која положи заклетва по соборувањето на Кастиљо, вчера изјави дека министерот за надворешни работи на Перу и кажал дека барањето за азил за семејството на Кастиљо е одобрено. Минатата недела Болуарте до Конгресот испрати барање за уставна реформа, врз основа на која ќе се одржат предвремени избори до декември 2023 година, но пратениците ја отфрлија. Претседателката го повика Конгресот да ја преиспита таа одлука