Мекгрегор: Не требаше да ја изневерам жената што најмногу ја сакам

by Fokus

Популарните ММА борец – Конор Мекгрегор, првпат се огласи откако беше осуден за силување на Никита Ханд во 2018 година.

Ирецот на социјалната мрежа „Х“ напиша дека признава дека згрешил што влегол во односи со споменатата Никита Ханд, но дека не е виновен за силување, односно дека се било консензуално.

Судењето траеше осум дена, поротата составена од осум жени го прогласи Мекгрегор за виновен. Ќе треба да плати отштета од 250.000 евра, но рече дека ќе ја обжали пресудата.

„Луѓето сакаат да слушнат од мене, ми требаше време. Знам дека направив грешки. Пред шест години, никогаш не требаше да одговорам на нејзините посети. Требаше да ја прекинам забавата. Никогаш не требаше да се оддалечам од жената што најмногу ја сакам во светот“, напиша Конор и додаде:

„Колку и да ми е жал, сè што се случи таа вечер беше консензуално и сите присутни сведоци под заклетва се заколнаа на тоа. Му наложив мојот правен тим да се жали на одлуката“.

Поврзани новости