Истрагата во неколку правци се анализира, бидејќи постојат повеќе опции зошто ова се случува. Ги знаеме меил адресите, знаеме од каде се пуштени тие меилови. Пуштени се од странство. , вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Тема на денот на Сител ТВ ја коментира ситуацијата со континуираните дојави за бомби во главниот град.
– Сите сме загрижени. Не е нормално да нема загрижен човек кој слуша дека има дојава за бомба, прво во ЈСП Скопје, понатаму во училиштата и тоа се повторува неколку дена. Имаме сериозни индиции за тоа како се одвива целиот овој процес и во тој дел работиме максимално посветено и ние и нашите партнери се со цел да ги прекинеме овие монструозни чинови кои ни се прават и предизвикуваат вознемиреност и несигурност кај граѓаните, додаде тој.
Според него овој регион практично е регион, многу поволен за сите нас кои живееме заради геостратешката позиција која ја имаме и можности за развој, но во исто време таквите можности создаваат и многу безбедносни ризици и предизвици.
-Тука се испреплетуваат интересите на големите геостратешки сили и секако дека овој регион е многу погоден сега од т.н. хибридни напади или хибридна војна која ни се води, вели Спасовски.