379
Британската премиерка Тереза Меј го поздрави денешното апсење на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и оцени дека тоа покажало оти никој не е над законот.
– Сигурна сум дека целиот Долен дом (британски Парламент) ќе ја поздрави веста дека лондонската полиција го уапси Џулијан Асанж поради кршење на условите за ослободување, по речиси седум години поминати во еквадорската амбасада. Тоа покажува дека во Обединетото Кралство никој не е над законот, истакна Меј во обраќањето пред пратениците.