Мехмети за „огнените“: Некогаш ми велеа опцуј го татко ми, ама немој Ахмети

by Fokus

Аналитичарот и писател, Ким Мехмети, коментирајќи ги процесите во ДУИ вели дека „огненените“, кои од денес делуваат официјално како фракција, некогаш му биле безусловно лојални на нивниот партиски лидер, Али Ахмети.

-Ние се знаеме, Македонија е колку едно село, колку што има жители некои метрополи во светот имаат толку проститутки. Јас ги знам нив, а и тие мене. Сум одел кај Ахмети да го убедам дека се добри градоначалници.
Некои од нив ми велеа те молиме немој да го напаѓаш, подобро опцуј го татко ми отколку да кажеш нешто лошо за Ахмети. Сега е прашањето што ги охрабри. Не зборуваат за Ахмети зошто не смеат, но се против него. Ми се допаѓа една изјава дека во ДУИ постои демократија, но се ќе биде како што ќе каже претседателот на партијата. Нивното незадоволство потекнува од тоа што не се меѓу тие каде се дели добивката – рече Мехмети.

Според него ВМРО-ДПМНЕ победува на следните избори.

-СДСМ најмногу ги помогна во тоа да победат. Претходниот режим крадеше и градеше, но овој актуелниов не гради, само краде. Со тоа ја дотуркаа работата до тоа дури ние сега да речеме дај нека се врати тој од Будимпешта оти со ништо не бил полош од овие. Ако вака продолжи СДСМ, Груевски ќе се врати со најголем рејтинг и повторно ќе биде премиер – рече Мехмети.

Според него власта меѓу СДСМ и ДУИ, не е власт туку крпеница од интереси.

Поврзани новости