Мехмети: Родителите на едно дете се молат тоа да порасне и да избега од оваа дупка!

by Fokus

Ова што периодов се случува во Македонија е типична хистерија и тоа најмногу им одговара на политичките субјекти, смета публицистот Ким Мехмети.

Тој даде свој став и за проблемот со Бугарија за историските прашања, кој значи блокада на Македонија на патот кон ЕУ.

„Јас уште во 1994 година кажував дека не се пристапува вака кон овој проблем. Кога ќе почнете да менувате, потоа следните работи сами се случуваат. Што има срамно да се преговара, ако вие знаете кои сте, што сте и каде сте. Вие гледате дека целата игра ја водат политичарите, нив најмногу им одговара оваа хистерија. Родителите на едно дете се молат тоа да порасне и да избега на запад, да не живее во оваа дупка во која ништо не се случува“, истакна Мехмети.

 

Поврзани новости