1.2K
Злате Мехмедовиќ, лекар во ковид центар, вели дека јавното здравство е преоптoварено и проблемите, според него, се јавуваат кога одредена категорија на граѓани немаат финансии и услугите ги бараат во приватните болници.
-Затоа голем дел од приватните болници остваруваат профит на грбот на граѓаните кои немаат доволно пари и заложуваат куќи, станови, за да може да си го платат лекувањето или да добијат кревет – вели Мехмедовиќ.
Тој посочува дека оваа варијатна на вирусот е агресивна и прави тешки проблеми.
-За да има резултати, потребно е затворање за период од 5 до 7 недели – порача Мехмедовиќ.