Мехмедовиќ најверојатно ќе ја замени Баевска-Вучковиќ во Здравствен дом Скопје, директорката која донираше за партијата на Груевски и учествуваше на контраштрајкови

by Fokus

Во наредниот период, кадровски смени се планираат и во Здравствениот дом Скопје, каде од 2012 година директорува Татјана Баевска- Вучковиќ, па најверојатно на нејзино место ќе дојде Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ.

Според нашите информации, тој е најсериозен кандидат да седне на директорската фотелја во скопскиот Здравствен дом.

Баевска-Вучковиќ е позната како една од најверните подржувачи на здравствените политики на екс премиерот Никола Груевски и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Таа редовно можеше да се види и во првите редови кога Груевски најавуваше нови проекти и инвестиции во здравството, а беше присутна и на контраштрајкот на директорите пред министерството за здравство, давајќи поддршка на проектот плаќање по успешност.

Баевска-Вучковиќ е и една од донаторите на опозициската ДПМНЕ во периодот додека беа на власт.

И.М.

 

 

 

Поврзани новости