Новиот портпарол на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ преку Фејсбук и се извини на Комисијата за, како што, погрешно употребениот збор „манипулација“ во контекст на бројките на починати од корона вириус.
-Би сакал да појаснам, пред сè поради големиот интерес на новинарите што точно значи ‘манипулацијата’ со бројките. Не се работи за манипулација на бројките од страна на претходната Комисија за заразни болести, туку за начинот на кој се интерпретираат бројките во јавноста. Долго време се разговараше на темата дека во ковид- евиденцијата се водат и починатите од друга болест или несреќен случај кај кои е посмртно докажано присуство на коронавирусот, а тоа може да биде и причина за големата смртност, и тоа е нешто за што ќе се отвори дискусија на КЗБ, напиша Мехмедовиќ.
Тој додава дека Комисијата за заразни болести водела точна евиденција согласно препораките на СЗО за смртноста и не станува збор за манипулации на тие бројки, туку за манипулациите и дезинформациите во јавноста поврзани со смртноста за која основната причина е ковид.