„Комисијата за заразни болести го разгледуваше случајот кој се појави со морбили, по подолг период, на дете од 13 месеци, во Свети Николе. Детето кое беше хоспитализирано во штипската болница е пуштено на домашно лекување, во изолација, во добра стабилна состојба, без никакви компликации и се очекува да нема никакви последици по здравјето на детето“ изјави предмалку д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.
Мехмедовиќ рече дека „Комисијата за заразни болести донесе препораки, прво треба да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески, за да се ублажи процесот на ширење. Да се подигне свесноста помеѓу здравствените работници и популацијата за постоење на морбили во државата, третата препорака е за матичните лекари да ги следат симптомите карактеристични за морбили. Суспектните случаи да ги препраќаат кај специјалисти“.
Тој рече дека засега нема останати суспектни случаи на морбили во земјава.