Механџиски: Државата не нѝ дозволи да ги искористиме своите конекции, ние можеме да набавиме вакцини

by fokus

Државата не дозволи на домашните фармации да ги искористат своите конекции за побрзо да обезбедиме вакцини против Ковид-19, вели сопственикот на веледрогеријата „Зегин“, Благоја Механџиски.

-Ние имаме многу слаб тим на ниво дури и на Министерство којшто може да формира индекс на предвидување, како ќе се движи. Ние живееме од едно до друго јавување на министерот. Државата не дозволи фирмите кои се бават со лекови да набават лекови. Бидејќи не се набавуваат лекови само директно преку фабриката, има и други веледрогерии има и други конекции. Ние чекаме, а не сакаме да ја игнорираме државната иницијатива, ја поддржуваме. Ние можевме и сега можеме да набавиме вакцини, дециден е Механџиски во дел од интервјуто за емисијата „Трлинг“.

Земјава се уште нема прецизен датум кога ќе почне масовната вакцинација, а не се знае ниту кој вид на вакцини ќе стигнат први.

Поврзани новости