Меѓународниот суд на правдата ќе одлучува по тужбата на Украина од 2017 година, каде што ја обвинува Русија за кршење на меѓународната конвенција поради настаните во Донбас и Крим.
„Во среда, 31 јануари 2024 година, Меѓународниот суд на правдата ќе донесе одлука за основаноста во случајот поврзан со примената на Меѓународната конвенција за сузбивање на финансирањето на тероризмот и Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми, за расна дискриминација (Украина против Руската Федерација)“, се наведува во соопштението.
Во јануари 2017 година, Украина поднесе тужба против Русија до Меѓународниот суд на правдата, барајќи дејствијата на Русија во Донбас да се признаат како кршење на Меѓународната конвенција за сузбивање на финансирањето на тероризмот, а на Крим како кршење на меѓународната Конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација.