Меѓународниот сојуз, БМЈ Груп и Томато затаиле данок од 325.000 евра, непознат човек се понудил да ги плати долговите

by Фокус

Меѓународен сојуз каде претседател беше Бојан Јовановски, БМЈ груп во чија сопственост беше 1 ТВ и Томато продукција во чии простории всушност беше сместена телевизијата, ќе заработат кривични пријави, бидејќи Управата за јавни приходи утврдила дека не платиле данок на добивка, ДДВ и персонален данок во вредност од 325.000 евра.

Како што информираат од УЈП на брифинг со новинарите, овој наод е резултат од извршените контроли во овие правни лица, но постапката се уште не е завршена бидејќи дел од раководителите на субјектите се уште не ги разгледале записници.

На Јовановски, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“, а сега се товари за даночно затајување во време кога бил претседател на Меѓународниот сојуз, му бил доставен извештајот на УЈП, меѓутоа одбил да го прими.

Од Управата посочуваат дека вршат контрола во уште една фирма, кој била поврзана со овие три фирми, и најавуваат дека ќе направат контрола на физичките даночни обврзници што работеле со овие фирми.

Воедно, од таму истакнаа дека лице кое не е многу познато во јавноста се пријавило да ги преземе фирмите и да ги плати нивните долгови.

Поврзани новости