Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за воени злосторства, јавува Си-Ен-Ен.
Како што соопшти МКС, Путин е наводно одговорен за военото злосторство илегална депортација и префрлање на населението (децата) од окупираните територии на Украина во Руската Федерација.
Злосторствата, наводно, биле извршени на окупираната територија на Украина најрано на 24 февруари 2022 година, објави МКС на својата веб-страница.
„Постои причина да се сомневаме дека Путин сноси индивидуална кривична одговорност за горенаведените злосторства, бидејќи овие дела ги извршил директно, заедно со други и преку други, и затоа што не извршил контрола врз цивилните и воените подредени кои ги извршиле дејствијата, или дозволил да се наредат, и беа под негова контрола“, велат од Меѓународниот кривичен суд.
Потерница е распишана и по руската функционерка Марија Лавова-Белова (38), комесарка за правата на децата во кабинетот на претседателот на Русија, бидејќи наводно е одговорна за истото воено злосторство – илегална депортација на деца.
Потерниците беа издадени на 22 февруари и првично беа тајни, но МКС одлучи да го открие нивното постоење „во интерес на правдата“.