142
Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација Скопје – Велес – Кочани останал без двете гуми веднаш по патарината кај Велес, па десетината патници останале среде автопат за да чекаат нов превоз и со него да стасаат до Кочани.
Според информациите, двете гуми на автобусот на компанијата „Авто Атом“ се дупнале некаде по патарината кај Велес. Во инцидентот нема повредени патници.
Возачот забележал дека останал без две гуми, па го запрел и го паркирал автобусот.
Се превезувале и две патнички до Велес, а останатите за Кочани.
Двете патнички со приватен превоз се упатиле кон Велес, а останатите чекаат да биде саниран проблемот.