Меѓу жртвите на нападот во Белград има и една француска ученичка

by Фокус

Меѓу жртвите на пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград има и ученичка од француска националност, пишува Н1 Србија, повикувајќи се на француското Министерство за надворешни работи.

„Со тага дознавме за вооружениот напад што се случи во училиштето ‘Владислав Рибникар’ во Белград, кој предизвика голем број жртви меѓу учениците и наставниците, меѓу кои и ученичка од француска националност. Нашите служби и нашата амбасада во Белград се мобилизирани да ја пружат сета поддршка на семејството на нашата млада сонародничка. Мислиме и на семејствата на жртвите, на кои им изразуваме најдлабоко сочувство, како и на многуте повредени, на кои им посакуваме брзо закрепнување“, објави француското министерство.

Поврзани новости