Меѓу затворениците кои фрлале ќерамиди бил и Чаушот?

by fokus

Откако „Фокус“ денеска објави дека околу 14.30 часот, тројца затвореници од затворот „Идризово“ се качиле на кровот и фрлале ќерамиди, неофицијално дознаваме дека меѓу нив бил и Захир Бекири -Чаушот.

Засега овие информации се неофицијални, бидејќи директорот на затворот Керим Махмуди ни одговори на телефонскиот повик, но ни кажа дека е зафатен и го прекина разговорот.

Како што посочуваат нашите извори од затворот, затворениците, кои сепак биле четворица, барале средба со директорот, а драмата завршила по дваесетина минути, бидејќи заповедниците успеале да ги симнат од кровот.

Затворениците успеале во својата намера, односно биле примени на разговор, а наводно од директорот барале да ги пушти на викенд, кој законски им следувал.

Захир Бекири-Чауш е осуден на две години и шест месеци затвор, за случајот „Фабрика за афери“.

В.В.

 

Поврзани новости