1
Петмина штипјани се меѓу загинатите по пожарот кој ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, меѓу кои и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски.
Според информации на локалната тв Стар, последното идентификувано починато лице било вработено во штипско основно училиште.
Претходно потврдена е смртта на четири лица, меѓу кои и Стевановски.
Веста дека Стевановски е можеби меѓу загинатите се прошири утрово откако граѓаните забележаа дека до дискотеката бил паркиран неговиот џип, а тој бил исчезнат.