Меѓу починатите пациенти заразени со Ковид – 19, во денешната статистика на Министерството за здравство е регистриран и 48-годишник на кого вирусот му бил потврден по неговата смрт.
За 24 часа во земјава починале 10 пациенти од корона, четворица од Скопје, двајца од Куманово и по еден од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица на возраст од 85,71 и 53 години, а кај 48 годишен пациент вирусот е потврден постмортем.
На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години, на гастроентерохепатологија пациент на возраст од 79 години. Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години, во КБ Тетово пациент на 60 години. Во Филип Втори е починат пациент на 62 години.