385
Грчкиот портал Newsit пренесува дека истражителите во земјата се убедени дека меѓу 98-те уапсени е и убиецот на 29-годишниот Михалис Кацурис. За време на нападот на навивачите на Динамо Загреб во кој до смрт беше избоден навивачот на АЕК, истражителите сметаат дека убиецот оставил трага од ДНК на жртвата.
Надлежните вршат идентификацијата на сите уапсени земајќи генетски материјал кој ќе го споредат со пронајдениот на облеката на младиот човек кој го загуби животот.
Според Newsit, убиецот на Михалис се погрижил да го сокрие ножот по злосторството. Полициската потрага по ножот кој всушност е клучен доказ, е во тек.
Нема вести дека оружјето е пронајдено. Се земаат изјави од очевидци, а се анализираат и видео снимките од местото на настанот.