678
Судејќи според сè погласните гласини, доаѓањето на прославата за јубилејот на кралицата е последната шанса што кралското семејство им ја даде наМеган и Хари барем делумно да ги поправат заладените односи, а доколку овојпат не успеат, нема да има простор за нови можности, пишува „tportal“.
Ако 37-годишниот принц Хари и 40-годишната Меган Маркл, кои моментално живеат со своите деца во луксузна вила во Калифорнија, зборуваат за деталите од јубилејот на кралицата, тоа би можело да им се врати како бумеранг.
Војводата и војвотката од Сасекс пристигнаа во Лондон на големата прослава, но не поминаа многу време со членовите на кралското семејство.