Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл мораат пред погребот на кралицата Елизабета Втора. да ги решат несогласувањата со Вилијам и Кејт кои настанаа по интервјуто со Опра Винфри, пишува Мирор.
Извори блиски до палатата тврдат дека интервјуто „ја преминало границата и принцот и принцезата од Велс се вознемирени и лути“. На Меган и Хари, наводно, им било кажано да се извинат и да ги признаат мотивите зад нивното интервју.
Имено, во минатогодишното интервју со познатата водителка, војводата и војвотката од Сасекс зборувале за напуштањето на кралското семејство. Тие ги искажале своите ставови за семејните проблеми, ја обвиниле палатата за расизам, а Меган во еден момент не можеше да ги задржи солзите.
Вилијам и Хари со своите сопруги Кејт Мидлтон и Меган Маркл неодамна дојдоа пред замокот Виндзор и добија изрази на сочувство по смртта на кралицата Елизабета.
По излегувањето од замокот, насобраните со едноминутно молчење ја изразија својата почит кон кралицата, а потоа ги поздравија со аплауз.
Ова беше прво заедничко појавување на принцовите со нивните сопруги по долго време. Иако Хари и Меган ова лето присуствуваа на платинестиот јубилеј на кралицата, тие останаа настрана и не беа фотографирани со Вилијам и Кејт.