Медведев за лансирање на нова ракета кон Украина: Го добивте тоа што го баравте

by Fokus

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во својата објава на социјалната мрежа Х, во врска со рускиот напад со хиперсонична балистичка ракета врз Украина, рече „го добивте тоа што го побаравте“.

„Значи, тоа е она што го баравте? Па, проклето тоа и го добивте! Напад со хиперсонична балистичка ракета“, напиша Медведев заедно со видеото од нападот.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која, како што рече, современите системи немаат начин да се спротивстават.

„Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин.

Тој објасни дека ова е тестирање на најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во овој случај хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Орешник“.

Поврзани новости