346
„Украина не е држава, а Зеленски не е претседател туку узурпатор“ вели поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев.
Tој на неговиот канал на Телеграм го објави одговорот на предлогот на поранешниот генерален секретар на НАТО – Андерс Фог Расмусен, Украина да се приклучи на Алијансата без нејзините територии кои моментално се окупирани од Русија.
Медведев тврди дека во суштина тоа е признание дека Крим и Донбас повеќе не се дел од Украина.
„Не е лошо, но важно е да се продолжи понатаму. Мора да признаеме дека Одеса, Миколаив, Киев и практично сè останато воопшто не е Украина“ – рече Медведев.
Тој вели дека украинскиот јазик не е јазик, а Украина не е земја туку вештачки собрани територии, пренесува Гардијан.