Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен шеф на државата, Дмитриј Медведев, во авторски текст објавен на Телеграм, ја исмева можноста некој од Русија да заврши пред меѓународен суд поради инвазијата врз Украина.
-Обидите да се создадат судови за така наречената истрага за руските операции ги нареков луди. Овие предлози не само што се правно неважечки. Идејата за казнување на земјата која има најголем нуклеарен арсенал е апсурдна сама по себе и потенцијално го загрозува постоењето на човештвото – вели Медведев.
Медведев објавува и листа на воените интервенции на САД по Втора светска војна.
-Виетнам и Кореја, Југославија и Ирак, Авганистан и Сирија знаат колку може да бидат катастрофални последиците од таквите инвазии. Списокот е долг и расте. Америка уби повеќе од 20 милиони луѓе во 37 земји од крајот на Втората светска војна – рече Медведев.