519
Снабдувањето со оружје на Украина ја зголемува веројатноста за конфликт меѓу Русија и НАТО, кој може да прерасне во нуклеарна војна, предупреди денеска поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Владимир Путин, Дмитриј Медведев.
-Обидите на НАТО да ја преплави Украина со оружје, да ја обучи украинската армија со западна опрема, да испрати платеници и да одржува вежби во близина на нашите граници, само ги зголемуваат шансите за директен и отворен конфликт меѓу Русија и НАТО, наместо постојната посредничка војна, рече Медведев на Телеграм.
Тој предупреди дека ова ќе биде катастрофално сценарио за сите.