Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија – Дмитриј Медведев, изјави дека посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Харков може да се смета за збогување.
– Зеленски го посети Харков. Силен потег. Проштална посета. Фрли паричка во вода? Или така сака? – напиша Медведев на својот профил на социјалната мрежа „ВКонтакте“.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност ја придружуваше објавата со фотографија на која се гледа егзекуцијата на Мусолини.
Претходно, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руската армија на групата „Север“ напредувала во длабочината на одбраната на непријателот и зазела голем број населени места во областа Харков.
Шефот на руската администрација на регионот – Виталиј Ганчев изјави дека руската армија веќе го контролира западниот и северниот дел на пограничниот град Волчанск.
Според РИА Новости, Зеленски почнал да зборува за можната загуба на Харков.