Поранешниот претседател на Русија и потпретседател на рускиот Совет за Безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи за руските ракетни напади низ Украина.
„Првата епизода е одиграна. Ќе има и други. И уште нешто. Ќе изнесам свој личен став. Не можам сега да не го спомнам. Украинската држава во сегашната конфигурација со нацистичкиот политички режим ќе претставува постојана, директна и јасна закана за Русија“, напиша тој на Телеграм.
Затоа, додаде тој, освен заштитата на народот и границите, целта на идните акции треба да биде целосно демонтирање на политичкиот режим во Украина.