Медведев: Максимална награда за секој убиен член на НАТО!

by Fokus

Поранешниот руски претседател – Дмитриј Медведев остро ја нападна НАТО алијансата и повика на воведување систем за наградување за убиство на нејзини членови во Украина.

„Постои само едно правило за овие прекуокеански вошки – нема затвореници! Тие, за разлика од несреќните Украинци, не беа принудени да војуваат“, напиша заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Медведев на платформата X и додаде:

„И за секој убиен, разнесен или запален борец на НАТО мора да има максимална награда“.

Притоа, тој се спротивстави на хипотетичкото сценарио што самиот го постави на социјалните мрежи, според кое НАТО првично ќе распореди трупи и специјални сили во западна Украина за да „одржуваат и организираат; обука“.

„Тие се целосно дрски ѕверови кои го земаат целиот свет за будали“, напиша Медведев и истакна дека сите сили на НАТО во Украина ќе се сметаат за дел од „редовната армија“ што се бори против Русија.

Потоа тој истакна:

„Затоа тие можат да бидат третирани само како непријатели; и не само непријатели, туку како елитни одреди, СС-луѓе на Хитлер“.

 

Поврзани новости