Медведев: Кога повторно ќе се случи „Мајдан“ во Украина, крвавиот кловн ќе му позавиди на Јанукович

by Fokus

Кога повторно ќе се случи „Мајдан“ во Украина, сегашната нелегитимна влада ќе и позавиди на судбината на поранешниот претседател Виктор Јанукович, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

– Останува да почекаме и да видиме што ќе направи украинската нелегитимна влада кога народот повторно ќе излезе на Мајдан. Тогаш крвавиот кловн ќе и позавиди на судбината на Виктор Јанукович – напиша Медведев на социјалните мрежи.

Пред 11 години, на 21 ноември 2013 година, на Мајдан во Киев започнаа протести кои доведоа до државен удар.

Причина за масовните протести беше тоа што тогашните власти го суспендираа потпишувањето на договорот со Европската унија.

Јанукович беше отстранет од власт и сега живее во Русија.

Овластувањата на Володимир Зеленски истекоа на 20 мај. Изборите за украински претседател во 2024 година се откажани поради воената состојба и општата мобилизација.

Поврзани новости