Поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на Телеграм ја претстави „руската формула за мир“.
Неговиот план има седум точки, а Медведев вели дека условите се „хумани за сите“.
„Ова може да биде мека руска формула за мир. Ова е добар компромис, нели?“, вели Медведев.
Ова се неговите седум услови:
1. Украина мора да го признае воениот пораз. Неонацистичката клика мора целосно и безусловно да се предаде. Демилитаризација на Украина и забрана за создавање паравоени сили на нејзина територија во иднина.
2. Меѓународната заедница мора да го признае нацистичкиот карактер на политичкиот режим во Киев и да изврши присилна денацификација на сите државни органи под контрола на ОН.
3. ОН треба да го објават губењето на меѓународниот правен субјективитет на Украина и да ја спречат да се приклучува кон воените сојузи без согласност на Русија.
4. Сите власти во Украина мора да поднесат оставки и веднаш да се одржат избори за да се формира привремен парламент на самоуправната територија.
5. Усвојување на закон за исплата на сите отштети на Русија, вклучително и исплати на роднините на загинатите и исплати за штета предизвикана по здравјето на ранетите.
6. Официјално признавање дека територијата на Украина е всушност територија на Руската Федерација и усвојување на актот за повторно обединување со Русија
7. Самораспуштање на привремениот парламент. ОН да го признае чинот на обединување.