Поранешниот руски претседател и заменик претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, уште еднаш ја скандализира западната јавност и политичарите со навредливи пораки против британските политичари.
Медведев го нарече Борис Џонсон вујко изрод, а Лиз Трус тетка изрод.
Неговиот текст кој е објавен на Телеграм има два чина, првиот е насловен: Промена на власт во Британија, вујкото изрод го нема, тетката изрод е тука.
За Лиз Трас, новиот лидер на ториевците и трет британски премиер по Маргарет Тачер и Тереза Меј, тој ги напиша следните забелешки:
„Новиот премиер: а) неспособен и просечен термонуклеарен русофоб кој нема елементарни идеи за политика, историја, географија, но сака да ја победи Русија во сè; б) под Маргарет Тачер, не поседувајќи ги нејзините способности ниту за 5 проценти; в) очекува да ја надмине енергетската криза и инфлацијата на храната, кои станаа резултат на сопствените налудничави санкции.Ќе се скара со сите, се ќе пропадне и ќе замине срамно, како нејзиниот претходник, бушавиот Борис. Па, во Велика Британија, позната по своите традиции, се чини дека има уште една.
Вториот чин. Човек со тажно лице по име Борељ рече дека Русија е фашистичка држава.
Не би се навраќал на оваа одвратна изјава на овој малоумен еврокомесар, но морам да нагласам дека такви работи никогаш никој не смее да ги заборави. Овој службеник треба трајно да биде наведен како суштество кое не е подобно за помилување“, стои во текстот.