Поранешниот претседател на Русија – Дмитриј Медведев зборуваше за изјавите на одредени западни политичари. Тој изјавите на западните политичари за наводниот можен конфликт на Русија со НАТО и Европската унија ги нарече „исклучително опасни муабети“.
„Сунак, Шолц, Макрон, норвешки, фински, полски и други лидери од земјите на НАТО велат дека мора да бидат подготвени за војна со Русија“, напиша тој на својот канал Телеграм.
Медведев истакна дека, иако руската страна повеќепати изјавила дека не планира конфликт со НАТО и земјите од Европската унија.
„Ако, не дај Боже, се случи таква војна, тогаш нема да оди според сценариото на СВО. Нема да се води во рововите со артилерија, оклопни возила, беспилотни летала и опрема за електронско војување“, напиша Медведев.
Тој потсети дека „НАТО е огромен воен блок, населението на земјите од Алијансата е речиси една милијарда луѓе, а нивниот вкупен воен буџет може да достигне една и пол милијарда долари“.
„Поради неспоредливоста на нашиот воен потенцијал, едноставно нема да имаме избор. Одговорот ќе биде асиметричен. За заштита на територијалниот интегритет на нашата земја ќе се користат балистички и крстаречки ракети со специјални боеви глави. Ова е според нашите воени документи и сите знаат.Ќе биде апокалипса. Крај на се“, напиша тој.