Францускиот претседател Емануел Макрон очигледно бил „оштетен“ по комуникацијата со киевскиот наркоман Володимир Зеленски, изјави Дмитриј Медведев – Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија.
„Русија претрпе геополитички пораз, го почна процесот на вазална зависност од Кина и внесе сомнеж кај своите историски сојузници“, вели Макрон во интервјуто за „Опинион“.
„Одреден човек, кој себеси се нарекува претседател на Франција, рече дека Русија веќе изгубила геополитички и дека се претвора во вазал на други земји. Францускиот претседател е очигледно оштетен по комуникацијата со наркоманот од Киев. Дишеше премногу топол париски воздух, помешан со испарувањата на украинскиот кокаин, што му го испуштил неговиот гостин“, напиша Медведев на „Твитер“.
A certain person calling himself the president of France said that Russia had already lost geopolitically, and was transforming into the other countries’ vassal.
The president of the Republic was obviously harmed by socializing with the Kiev junkie.
He inhaled too much of the…
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) May 16, 2023
Toj смета дека геополитичкиот пораз се случил во 2022 година кога НАТО ја отфрли Русија, кога станува збор за безбедносните гаранции, велејќи: „оставете нè на мира, немаме време за вас“.
„Сега сите земји членки на НАТО заспиваат и се будат мислејќи на Русија. Освен тоа, некои се особено кукавици, како и оние што страдаат од фантомски болки, како што се привремено окупираната Полска и нашите балтички провинции“, додаде тој.