529
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предупреди на ревизијата на статусот на постојаните земји-членки на Советот за безбедност на ОН, вклучително и нивното право на вето.
-Статусот на постојаните членки на Советот за безбедност, кои се основачки членки на ОН, никогаш не треба да биде предмет на ревизија, вклучително и нивното право да стават вето – рече Медведев.
Тој предложи да се прошири членството во Советот за безбедност на ОН. Медведев оцени дека во спротивно ОН ќе се соочи со системска криза.