731
Заменик-шефот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, го предупреди францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер да „внимава што зборува“, откако министерот рече дека ЕУ ќе води целосна „економска и финансиска војна“ против Русија.
-Францускиот министер денеска рече дека ни објавија „економска војна“. Внимавајте што зборувате, господа! И не заборавајте дека економските војни во историјата на човештвото честопати се претворија во вистински, напиша Медведев на Твитер.