695
Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев изрази сомневање дека Киев во наредниот период ќе може да ги исполнува своите договорни обврски и го доведе во прашање самото постоење на украинската држава во иднина.
-А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот? Иако на Американците веќе не им е гајле, тие толку вложија во антируски проект, што сè друго за нив е ситница, напиша тој на Телеграм.
Тој информираше дека видел објава, каде се наведува оти Украина „сака да добие течен гас (LNG) од своите странски партнери на лизинг и да плати за две години“.
Според неговите зборови, без западниот течен гас „Украина зимава едноставно ќе смрзне“.