673
Огромен дел од медицинскиот персонал вработен во Клинички центар, денеска излезе на протест поради поскапување на паркингот за вработените.
Како што најавија тие, нема да отстапат од нивните барања, и ќе продолжат со протест се додека не биде повлечена одлуката.
„Паркингот на Клинички центар е сопственост на Македонија, а не на градски паркинзи Скопје. Очекуваме дека одлуката ќе биде повлечена, а градоначалникот Шилегов да внимава во своите изјави. Следниот чекор за нашиот револт ќе го изнесуваме пред наплатен центар. Од 10 до 10-30 ќе ја блокираме наплатата за излез од Клинички центар. Да знаат сите, дека во тој период ние ќе блокираме наплатата“, порачаа денеска протестирачите од Клинички центар